„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со својата неверојатна гол-статистика.
Камарда со само 15 години позади себе има над 500 голови во младинските категории на Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неодамна испиша историја и стана најмладиот дебитант во историјата на Серија А откако дебитираше за Милан на „Сан Сиро“.
Фудбалските експерти тврдат дека станува збор за „вундеркинд“, а неговите партии ги следат сите големи клубови ширум Европа.
Камарда се уште нема професионален договор, па таквата ситуација сакаат да ја искористат Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити и да го доведат во своите редови без обештетување.
🚨 Arsenal, Tottenham and Manchester City are all battling it out to sign 15-year-old wonderkid Francesco Camarda from AC Milan.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 11, 2024
(Source: @MailSport) pic.twitter.com/DrDgpV28kO