Дома Македонски спорт Ангеловски: Несторовски е ослободен за мечот со Германија

Ангеловски: Несторовски е ослободен за мечот со Германија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација донесе одлука за вчерашната прослава на голот на Илија Несторовски.

Ангеловски вчера порача дека ќе одлучи откако ќе види што се случило, а денес изјави дека Несторовски нема да биде во комбинација за натпреварот против Германија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Откако ја погледнав снимката, одлучив да го ослободам Илија Несторовски за мечот со Германија. Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, изјави Ангеловски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Некогаш вредеше 58 милиони, сега кариерата ја продолжува во неочекуван клуб!

Бенџамен Менди на врвот на својата кариера играше за Манчестер Сити. Со “Граѓаните&#…