Според аналитичарот на Дејли Мејл, Доминик Кинг, ПЕП ГВАРДИОЛА згрешил што го пуштил играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кол Палмер да си замине ова лето.
Палмер брзо се вклопи во Челзи, кој го донесе за 42,5 милиони фунти, а многумина се прашуваат дали Гвардиола ја донел вистинската одлука да го пушти 21-годишниот фудбалер.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Палмер постигна голови во последните два настапи за Челзи и навивачите на лондонскиот клуб се воодушевени од неговото доаѓање.
„Не можам да разберам зошто Манчестер Сити го продаде Палмер ова лето. По се што постигна со селекцијата на Англија У-21 летово и по неговиот одличен настап во Суперкупот на Европа и се што слушнавме за него низ годините. Мислам дека Сити требаше да му се даде шанса да успее во својот матичен клуб“, изјави Кинг.
Палмер може да игра на неколку позиции во средниот ред. Сезонава забележа седум настапи за Челзи, а за младата англиска репрезентација одигра 15 натпревари и постигна пет гола и беше европски првак.