Дома Македонски спорт АМС: Незаконски е да се менуваат боите на репрезентациите

АМС: Незаконски е да се менуваат боите на репрезентациите

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски изјави дека македонската фудбалска А репрезентација си има свои национални бои, тие се „црвена“ и „жолта“ боја, и не треба да се менуваат.

„Незаконски е да се вметнува друга боја во дресот на репрезентацијата. Самата федерација ги одредува боите и не е важно кој е претседател на ФФМ, важно е дека законот не се почитува“ изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Има закони, се знаат боите во сите репрезентации, има црвена и жолта боја, боите мора да се тие. Се покажа дека дресот не поминува и не е лице на македонската репрезентација, па по реакциите на јавноста дресот се промени“, додаде Мојсоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…