Дома Фудбал Синоќа го заборавија Јамал: Нова ѕвезда е родена на „Камп Ноу“ (Видео)

Синоќа го заборавија Јамал: Нова ѕвезда е родена на „Камп Ноу“ (Видео)

Шпанецот вечерва блесна против Мајорка. Неговиот гол е доказ дека Барселона има нова ѕвезда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Марc Бернал долго ја чекаше својата шанса. Сезоната не му беше лесна – сериозна повреда го држеше долго време надвор од теренот, а многумина веќе зборуваа дека би можел да го напушти клубот зимава.

Флик, како и минатата сезона со Ерик Гарсија, остана при својот став – сметаше на Бернал и му бараше трпение. И Бернал му веруваше.

А потоа дојде натпреварот против Мајорка и Бернал покажа зошто вложуваше напор. Неговиот гол беше вистинска лекција по фудбал: совршено излегување на позиција, експлозивен спринт, дриблинг низ противничката одбрана и прецизен шут за третиот гол на Барселона таа вечер.

И сите почнаа да зборуваат за него во исто време со Серхио Бускетс – само што овој гол популарниот ‘Буси’ никогаш не го постигнал. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен европски шампион сака да потпише со Столе Димитриевски

Столе Димитриевски би можел да направи голем чекор во кариерата ова лето, откако сериозен …