Дома Фудбал Фудбалер со неверојатна животна приказна: Сега има 33 години, а неговата ќерка веќе има 21 година

Фудбалер со неверојатна животна приказна: Сега има 33 години, а неговата ќерка веќе има 21 година

Животната приказна на колумбискиот фудбалер Едвин Кардона е една од оние кои оставаат без зборови. Иако со години е познат на јавноста исклучиво по она што го прави на теренот, деталите од неговиот приватен живот повторно привлекуваат внимание.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кардона денес има 33 години и зад себе има богата професионална кариера во Колумбија, Мексико и Аргентина. Сепак, она што многумина ги изненадува е податокот поврзан со неговото семејство.

Неговата најстара ќерка Ана има 21 година. Разликата меѓу таткото и ќерката е само 12 години, што е исклучително редок случај, дури и во светот на професионалниот спорт.

Според наводите кои со години се појавуваат во медиумите, Едвин Кардона станал татко кога имал нешто помалку од 12 години. Во тој период неговата тогашна девојка имала 14 години и останала бремена.

Оваа приказна често се наведува како една од најнеобичните и најраните ситуации на татковство меѓу познатите спортисти. И покрај сѐ, Кардона подоцна презел одговорност и никогаш не бега од фактот дека има ќерка.

Aна Кардона денес е полнолетна, има 21 година и води свој живот далеку од рефлекторите на фудбалските стадиони. Иако не е јавна личност, повремено се појавува во медиумските приказни поврзани со нејзиниот татко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…