Ал Наср беше тешко поразен од шпанската Селта од Виго во пријателски натпревар.
Беше 5:0 за членот на Ла Лига, но и покрај тоа Кристијано Роналдо тврди дека од европските лиги вреди уште само англиската ПЛ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ал Наср беше декласиран од Селта со 5:0. По излегувањето од игра на Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ, шпанскиот тим го декласираше тимот на Саудиска Арабија и за само 18 минути постигна пет гола.
По натпреварот, Кристијано Роналдо даде интересна изјава. Тој тврди дека од европскиот фудбал само англиската Премиер лига го задржала своето ниво, додека другите изгубиле многу квалитет.
„Нема да се вратам во Европа. Целосно ја затворив таа врата“, рече Кристијано и додаде:
„Имам 38 години, но и европскиот фудбал изгуби многу квалитет. Единственото нешто што вреди е Премиер лигата. Тие се далеку пред другите. Исто така, првенството на Саудиска Арабија е подобро од МЛС. Реков дека лигата ќе биде меѓу Топ 5 во светот за три години и не го делам мислењето дека тука доаѓаат само стари играчи“.
За високиот пораз од Селта рече:
Ни недостигаа неколку важни играчи, но бевме подобри во првото полувреме. Судијата подоцна го уништи натпреварот“, истакна КР7.
Cristiano Ronaldo vs Celta Vigo 2023 (1st half) pic.twitter.com/xpAbUpfNce
— HuzCW (@HuzCW77) July 17, 2023