Дома Трансфер зона Ал Наср му нуди богатство на Модриќ

Ал Наср му нуди богатство на Модриќ


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Ал Наср го обезбеди потписот на Кристиано Роналдо, но клубот од Саудиска Арабија сака да привлече уште неколку големи ѕвезди, а најголема желба е Лука Модриќ.

Лука Модриќ има 37 години, но се уште игра на врвно ниво во Реал Мадрид.

Како што објави весникот „Оказ“, клубот од Саудиска Арабија на Модриќ му нуди 2,5-годишен договор тежок 100 милиони евра. Годишната плата на фудбалерот ќе биде околу 40 милиони евра.

Ал Наср сакал веднаш да го реализира трансферот во јануари, но Модриќ го одбил тоа и сака да остане во Реал.

Хрватот преферира да остане уште една година на „Сантиаго Бернабеу“, а доколку Реал не му понуди нов договор тогаш ќе ја прифати понудата од Ал Наср.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед не се откажува од Деклан Рајс

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Вест Хем одбил понуд…