Претседателот на Пари Сент Жермен, Насер Ал Келаифи денес пред медиумите зборуваше за новиот тренер и идните планови на клубот.
Иако многу се шпекулираше дека прва желба на „светците“ е Зинедин Зидан, сепак Ал Келаифи тврди дека тие воопшто не го контактирале Французинот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Зинедин Зидан? Ќе ви кажам дека никогаш не разговаравме со него, директно или индиректно. Многу клубови се заинтересирани за него, но и некои репрезентации, но ние не разговаравме за негов ангажман. Избравме друга опција, тренер кој ќе биде најдобар за нашиот план“, изјави Ал Келаифи.
Тој потврди дека изборот падна на Галтие и дека клубот преговара со Ница за обештетувањето на тренерот.
Галтие? Сонот е едно нешто, а реалноста сосема друго. Убаво е да се сонува за големи работи, но денеска мораме да бидеме реални. Не сакаме повеќе блескаво шоу и рефлектори. Сакаме реалност. Разговараме со Ница, тоа не е тајна. Се надеваме на брз договор“, заклучи претседателот на ПСЖ.