Дома Фудбал Останато Ал Келаифи за доведувањето на Меси: Не можам сега да зборувам за тоа

Ал Келаифи за доведувањето на Меси: Не можам сега да зборувам за тоа

Насер Ал Келаифи, претседателот на ПСЖ беше запрашан дали неговиот клуб наредното лето ќе се обиде да го доведе Лионел Меси.

Францускиот „РМЦ“ имаше голема објава дека Меси на лето ќе дојде во ПСЖ, па на оваа тема прашање доби Ал Келаифи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не можам сега да зборувам за тоа“, изјави Келаифи и се насмеа во тој момент и според голем дел од новинарите остави можност за доведување на ѕвездата на Барселона.

Се пишува и дека Нејмар му помага на ПСЖ да го доведе Меси, Бразилецот по победата против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите изјави дека веќе од наредната сезона сака да игра повторно со Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Симеоне

Раководството на Атлетико Мадрид размислува за можноста за продолжување на соработката со …