Дома Фудбал Репрезентации Алчевски: Кога се игра за Македонија – секогаш се оди на победа!

Алчевски: Кога се игра за Македонија – секогаш се оди на победа!

Младата репрезентација на Македонијa вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје ги продолжни подготовките за претстојните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Словачка.

На 11 октомври, ја пречекуваме селекцијата на Молдавија, на домаѓен терен. Пет дена подоцна на гостински терен играме против селекцијата на Грузија.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Голманот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Марко Алчевски даде свој коментар за претстојните натпревари на нашите фудбалери.

„По големата победа над Шведска на самиот старт на квалификацискиот циклус, сите очекувавме многу подобри игри и подобри резултати, како и повисок пласман на табелата, меѓутоа не одеше се по планот. Потфрливме и не бевме на нивото на неколку клучни натпревари, кои според мене моравме да ги добиеме.

Мислам дека најмногу недостасуваше реализацијата на претходните натпревари, мораме да ја подобриме формата, пред се на индивидуално ниво во нашите клубови. Сите треба да работиме и да се трудиме повеќе на тренинзите, само така можеме да напредуваме и да се подобруваме.

Првите мечеви против Молдавија и Грузија ги загубивме, иако не го заслуживме тоа. Се надевам дека на овие натревари ќе одиграме добро и ќе оствариме победи. Секогаш кога се игра за Македонија, мораме да атакуваме на победа, без разлика кој е противникот..

Имаме добра атмосфера во репрезентацијата, нашата цел е да завршиме што е можно повисоко на табелата“, изјави Алчевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал нема да жали пари за ѕвездата на Арсенал

Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец В…