Денес беа извлечени групите во ракометната Лига на шампиони, а Вардар се најде во потешката од две групи.
За Алушовски прв фаворит во групата е ПСЖ додека другите екипи според него имаат подеднакви шанси.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Ќе играме во тешка група во која нема лесни противници и секој може да победи секого. ПСЖ можеби е фаворит, меѓутоа другите се со исти шанси. Лесен натпревар нема ќе одиме чекори по чекор за да ја оствариме целта, а тоа е место во топ 8. Ние не сме екипа која ќе потцени некого или пак ќе го прецени, следува анализа и работа. Не се плашиме од никого“, изјави Алушовски.