Карлос Алкараз успеа да се пласира во полуфиналето на Индијан Велс, а таму го чека најтешкиот предизвик во досегашниот дел од сезоната, мечот против Јаник Синер.
Синер игра во одлична форма и во 2024 година се уште е без пораз во сингл конкуренција, го освои и Австралија Опен. Алкараз е претпазлив и смета дека Италијанецот во овој момент е тенисерот со најдобра форма.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај титулатан а Австралија Опен, Синер триумфираше и во Ротердам и годинава беше поразен само на Индијан Велс и тоа во меч во двојки.
„Во овој момент Јаник е најдобар во светот и во тоа нема дилеми. Игра во неверојатна форма, се уште не изгубил оваа година и ми се допаѓа да го гледам додека се натпреварува. Ќе биде навистина тежок меч и за мене ова ќе биде најтешкиот меч од почетокот на годинам.
Многу е важно за мојата игра противникот да не знае што ќе следи. Тоа е мојот стил и среќен сум што играм на тој начин, ќе видиме како ќе игледам против Синер“, изјави Алкараз.
Мечот помеѓу Синер и Алкараз е на програмата в сабота вечер и почетокот нема да биде пред 20:00 часот.