Дома Останати Тенис Алкараз ги избра најтешките противници на тврди подлоги. Ѓоковиќ на второто место

Алкараз ги избра најтешките противници на тврди подлоги. Ѓоковиќ на второто место

Вo тек е Мастерсот во Шангај, каде првите два носители се Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Даниил Медведев, откако првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ реши да направи мала пауза.

Алкараз турнирот ќе го започне против Французинот Грегори Баре, а Медведев против Чилеанецот Кристијан Гарин.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На неговата прва прес-конференција во Кина, Алкараз беше прашан: „Кој е најтешкиот противник на тврда подлога? Младиот Шпанец одговорил: „Медведев, мислам дека Медведев е тој. Потоа Ѓоковиќ, па Синер“.

Да потсетиме, Медведев неодамна го исфрли Алкараз во полуфиналето на УС Опен, а потоа во финалето беше поразен од Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Руска тенисерка одби да се фотографира покрај Сабаленка, причината ќе ве изненади сите (ВИДЕО)

Феноменалниот крај на годината за Елена Рибакина беше крунисан со победа на Завршниот маст…