Дома Фудбал Англија Алиоски: Сакам да останам во Лидс, но…

Алиоски: Сакам да останам во Лидс, но…

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски вели дека се чуствува одлично во Лидс и сака уште долго да остане во англискиот клуб.

Договорот на Алиоски со Лидс истекува на крајот на сезоната, но тој не размислува за промена на средината.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Тука сум се разбира се додека мојот договор не заврши следната година. Една работа е сигурна, сакам да останам овде и да продолжам да го носам дресот на Лидс. Се чувствувам добро, тимот игра одлично и се гледам себеси уште долго во овој клуб. Сепак, нема ништо ново кога станува збор за продолжување на соработката“, истакна Алиоски.

Алиоски проговори и за инцидентот помеѓу него и Николас Пепе на мечот со Арсенал, кој крена многу прашина во Англија. Пепе го удри Алиоски со глава по што доби црвен картон, а многумина го критикуваа Џани велејќи дека „одглумил“.

„Физички го провоцирав, но не и вербално. Сите мислат дека нешто сум му рекол, но не е така. За него беше тешко затоа што цврсто играв. Беше глупаво тоа што го стори. Не дека ми го скрши носот, но имаше физички контакт. Веројатно беше револтиран што игравме човек на човек и физички поцврсто“, вели Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона доби засилување за дуелот против Билбао: Флик објави позитивни вести!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, потврди дека Ерик Гарсија и Рафња ќе се вратат во соста…