Дома Фудбал Англија Алексис Санчез избран за најлошото засилување во историјата на клубот

Алексис Санчез избран за најлошото засилување во историјата на клубот

sanchez

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез на почетокот од 2018. година стигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување од Арсенал.

Црвените ѓаволи во јануарскиот преоден рок во 2018. година направија се само да го донесат Алексис на Олд Трафорд, а тоа на крајот им успеа. Во спротивен правец го испратија Михтеријан, но се покажа како голема грешка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алексис беше очаен во првите шест месеци, но сите веруваа дека му треба време да се вклопи во екипата. Сепак, и во текот на оваа сезона Алексис не ги оправда очекувањата.

Чилеанецот во Јунајтед неделно заработува неверојатни 400.000 фунти, а оваа сезона не се изнаигра многу. Санчез со Јунајтед има договор до летото 2023. година, но англискиот клуб ќе направи се да го продаде на крајот од сезоната.

Од своето доаѓање на Олд Трафорд овој 30-годишен напаѓач одигра вкупно 44 натпревари и запиша скромни пет погодоци и девет асистенции.

Навивачите на Јунајтед го изгубија трпението со него и се повеќе негодуваат кога добие прилика за игра. Работата да биде уште полоша за Алексис беше избран за најлошото засилување на Јунајтед на сите времиња.

Во ова гласање, покрај него, беа уште и Ди Марија, Бебе и Клеберсон, но Чилеанецот доби далеку повеќе гласови од сите со што навивачите му покажаа што мислат за него.

Алексис доби дури 70% гласови за најлошо засилување на сите времиња, а зад него заврши Бебе со 19%. Ди Марија е на третото место со 6%, додека на последното се најде Клеберсон со 5% гласови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…