Дома Фудбал Италија Алегри: Смешно е, но Јувентус се бори за опстанок

Алегри: Смешно е, но Јувентус се бори за опстанок

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри го коментираше утрешниот дуел со Салернитана, како и ситуацијата во која се наоѓа тимот после казната од 15 бода.

Откако беше казнет Јувентус сега има 23 бода на табелата, па Алегри тврди дека „старата дама“ сега се бори за опстанок и треба што побрзо да дојде до 40 бода.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Важно е да имаме вистински однос кој мечот против Салернитана, кој нема да биде лесен. Гладајќи ја табелата, ова е директен дуел. Факт е дека имаме 23 бода и треба да стигнеме до 40 за да избориме опстанок“.

„Тоа е смешно и ме тера да се смеам, но ситуацијата е таква. Незамисливо е да си поставуваме други цели во моментов. Сега треба да го стигнеме тимот кој е пред нас и полека да се качуваме на табелата. Утре треба да победиме бидејќи имаме потреба од бодови“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пикси заминува од кормилото, а човекот кој доаѓа нема да ги воодушеви Србите

Драган Стојковиќ Пикси би можел да ја напушти позицијата на селектор на Србија. Наводно, н…