Дома Фудбал Италија Алегри: Роналдо ми потврди дека останува во Јувентус

Алегри: Роналдо ми потврди дека останува во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри откри дека имал разговор со Кристиано Роналдо и Португалецот потврдил дека останува во Торино.

Во текот на целото лето се шпекулираше со иднината на Роналдо, а  некои медиуми тврдеа дека токму Алегри е причината поради која Португалецот сака да си замине.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Меѓутоа, денес Алегри стави точка на сите шпекулации и потврди дека Роналдо останува во Јувентус.

„Роналдо е исклучително важен играч за Јувентус. За нас тој е бонус, гаранција за многу голови. Никогаш не побарал да си замине, а мене и ми потврди дека останува, иако медиумите постојано летово го селат по разни клубови“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Некои англиски навивачи не го дочекаа голот на Белингем на трибините 🎥

Репрезентацијата на Англија во еден драматичен натпревар во осминафиналето ја победи Слова…