Дома Фудбал Италија Алегри: Не сум ниту лут, ниту разочаран, па и ние сме луѓе!

Алегри: Не сум ниту лут, ниту разочаран, па и ние сме луѓе!

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри мирно го прифати киксот на неговиот тим против СПАЛ, и истакна дека и неговите фудбалери се само луѓе.

„Бјанконерите“ одиграа реми без голови на гостувањето кај СПАЛ и му дадоа шанса на Наполи да им се приближи на табелата.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Ниту сум лут, ниту разочаран. СПАЛ се бореше силно на теренот и тимот заслужува комплименти за претставувањето. А ние влеговме во овој натпревар по импресивна серија од победи. Позитивно е што успеавме да не примиме гол“, истакна Алегри.

„Да, навистина би било добро да победиме, но понекогаш работите едноставно не излегуваат по планот. Сите очекуваа пред неколку недели да изгубиме поени против Лацио, но тоа не се случи и сега изгубивме против дебитантите. Вакви работи се случуваат, моите фудбалери се луѓе, потребен им е одмор“, заклучи италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор на која беа …