Масимилијано Алегри после сезоната во која не успеа да направи нешто повеќе во Лигата на шампионите, иако ја освои Серија А си замина од Јувентус.
Алегри како што самиот потврди во сезоната која следи доколку нешто не се промени нема да води клуб и повеќе ќе се посвети на приватниот живот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус се уште нема официјално потврдено кој ќе биде неговата замена, двајца фаворити беа Пеп Гвардиола и Маурицио Сари. После последните случувања изгледа дека Маурицио Сари наскоро ќе биде промовиран во нов стратег на италијанскиот шампион.
Сари иако имаше солидна сезона во која во Премиер лигата заврши зад Манчестер Сити и Ливерпул, играше финале во Лигата Купот и ја освои Лигата на Европа, „сините“
ќе мора да пронајдат ново решение. Според последните информации Јувентус на Челзи ќе му плати сума помеѓу пет и осум млиони евра.
Алегри од новинарите беше запрашан дал има нешто да го советува Сари.
„Апсолутно немам што да го советувам. Повеќе тие работи немаа врска со мене“, изјави Алегри и додаде:
„Ќе следам што се случува во Серија А и наредната сезона, а не се сомневам дека ќе има возбудувања“, порача италијанскиот стратег.
Алегри на клупата на Јувентус се задржа пет години.