Дома Фудбал Италија Алегри како да се откажа: Јувентус не е фаворит за Скудетото

Алегри како да се откажа: Јувентус не е фаворит за Скудетото

Јувентус вчера ја забележа втората победа во Серија А откако со головите на Данило и Киеза го победи Емполи со 2:0.

Минатата сезона Јувентус на ова исто место загуби со убедливи 1:4, па затоа може да се заклучи дека овој триумф има значење.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Никој не сака да биде надвор од Лигата на шампионите. Минатата сезона бевме трети без бодовната каза, но што е тоа е, мораме да продолжиме. Засега не може да се каже дека ние сме фаворити за Скудетото, има тимови како Интер, Наполи и Милан кои се подобро поставени во овој момент. Нашата главна цел е место помеѓу најдобрите четири екипи“, изјави Алегри.

Во следното коло Јувентус ќе игра против Лацио кој во овој викенд го совлада актуелниот шампион, Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Тотенхем има уште една разочарувачка сезона и моментално се наоѓа на 14. место во Премиер …