Дома Фудбал Останато Алвес: Нема подобро место од Барселона, Меси е изгубен во Париз

Алвес: Нема подобро место од Барселона, Меси е изгубен во Париз

Бразилецот Дани Алвес кој оваа зима се врати во Барселона смета дека Меси не е среќен во Париз.

Меси во ПСЖ пристигна минатото лето како слободен играч откако Барселона беше погодена од тешка финансиска криза, меѓутоа во Париз Аргентинецот е далеку од формата со која со години ги бранеше боите на Барселона.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Ако мене ме прашувате дали Меси е среќен во Париз одговорот е „не“. Таму е изгубен! Меси секогаш ми зборуваше – каде би бил посреќен од Барселона? Јас сум доказ за тоа – нема подобро место од Брселона. Поради некои причини Лео не е денес тука со нас, но се надевам еден ден ќе се врати затоа што овој клуб е негов дом“, изјави Алвес.

Дани Алвес во кариерата го носеше и дресот на ПСЖ две години, а играше уште за: Бахија, Севиља, Јувентус и Сао Паоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Невеорјатно: Фоден повеќе додавал со Пикфорд отколку со Кејн

Репрезентацијата на Англија влезе како еден од фаворитите на ова Европско првенство, но иа…