Дома Фудбал Англија Алардајс повикува: Прекинете ја лигата, короната е последно нешто што ми треба

Алардајс повикува: Прекинете ја лигата, короната е последно нешто што ми треба

Tренерот на ВБА, Сем Алардајс откри дека во неговиот тим еден играч е позитивен на коронавирус и повика на краток прекин на Премиер лигата.

На последното тестирање во Премиер лигата имаше 18 позитивни случаи од 1479 направени тестови. Во Премиер лигата не планираат да ја прекинат сезоната, но Алардајс смета дека тоа би било најдобро решение.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Секоја сигурност е поважна од било што друго. На вести слушам дека новиот вид на вирусот се шири побрзо од оригиналниот и затоа прекинот на сезоната најдобро решение. Имам 66 години и последна работа која ми треба е да се заразам со корона. Многу сум загрижен за себе и фудбалот генерално. Ако прекинот е нешто кое ни е потребно тогаш треба да го направиме. Во клубот имаме еден позитивен случај“, изјави Алардајс.

ВБА после вчерашниот пораз од Лидс ќе остане на претпоследното место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…