Играчот на Баерн Минхен, Давид Алаба се уште не одлучил во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
28-годишниот Австриец објави дека на крајот на сезоната ќе си замине од „Алијанц Арена“ како слободен агент, а како фаворит за неговиот потпис важеше Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа германскиот весник „Билд“ пренесува дека Алаба не е задоволен од понудата на „кралевите“.
Весникот тврди дека сега Алаба започнал преговори со ПСЖ и е спремен да ги слушне понудите и од англиските гиганти кои се заинтересирани за неговиот потпис.
TRUE ✅ @David_Alaba still hasn't signed a contract with a new Club. Real Madrid still doesn't offer enough. therefore there are talks with Paris and Premier League Clubs @SPORTBILD @altobelli13
— Christian Falk (@cfbayern) March 3, 2021