Moис Кин изминатиот викенд се најде во центарот на вниманието откако направи глупост и по неполна минута помината на теренот заработи црвен картон во дербито против Рома (ТУКА). Сега пристигнуваат вести дека Јувентус го откупил неговиот договор, односно била активирана договорената клазула.
Имено, Кин беше играч на Евертон и во Јувентус досега настапуваше како позајмен фудбалер. Познатиот Фабрицио Романо пренесува дека условите од клазулата во договорот биле исполни и Евертон ќе добие сума од 28 милиони евра
Moise Kean, no longer Everton player as Juventus have already triggered the buy option clause for €28m. ⚪️⚫️🤝🏻 #EFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 7, 2023
Full agreement was already in place last year, Kean can be considered 100% Juve player as @romeoagresti reports. pic.twitter.com/AdCSWw32jc
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што за Кин Јувентус плаќа пола милион повеќе отколку што доби за него кога го продаде летото 2019 година. Кин не се снајде во Премиер лигата и во една година постигна само четири гола. Во 2020 година следуваше позајмица во ПСЖ каде што почна да игра во добра форма и постигна 17 голови.
Летото 2021 година се врати во Јувентус како позајмен фудбалер, а Евертон доби седум милиони евра. Сега Евертон ќе ги добие споменатите 28 милиони евра. Сезонава Кин на 32 натпревари постигна седум голови.