Дома Фудбал Италија Глупост каква што ретко се гледа: Кин го шутна противникот и заработи црвен картон за неполна минута 🎥

Глупост каква што ретко се гледа: Кин го шутна противникот и заработи црвен картон за неполна минута 🎥

Јувентус вчера беше поразен во дербито против Рома со 1:0 и така направи чекор назад во тешката битка за излез во Европа откако „старата дама“ беше казнета со одземање на 15 бодови.

Немаше среќа клубот од Торино да дојде до гол во Рим, „црно-белите“ трипати ја погодуваа стативата и не успеаа да го најдат патот до мрежата, додека Рома освен голот скоро и да не создаде посериозна прилика за погодок.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Необична ситуација видовме во последните моменти кога Масимилијано Алегри со цел да го засили нападот во игра во внесе Моис Кин. Напаѓачот влезе на местото на Квардадо во 89-тата минута, но на теренот не помина повеќе од минута

Кин заработи директен црвен картон откако намерно го шутна стрелецот на голот на Рома, Мансини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао и Милан се на крстопат, што следи?

При поразот на Милан од Лацио со 1:0, вниманието на јавноста не беше насочено само кон рез…