Дома Македонски спорт Мак фудбал Акраповиќ по ремито со Тиквеш: Мораме да работиме на реализацијата

Акраповиќ по ремито со Тиквеш: Мораме да работиме на реализацијата

Тимот на Шкендија веќе пет натпревари нема постигнато гол.

После натпреварите во европските квалификации тетовци не постигнаа гол и во натпреварот против Тиквеш во првото коло од ПМФЛ. Повратникот на клупата, Бруно Акраповиќ порача дека Шкендија мора да работи на реализацијата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Фудбалот се игра за голови, а ние против Тиквеш се изнапромашувавме, креиравме 100% шанси, но не ги реализиравме. Имам почит кон секого, но мораме да работиме на тој дел“, изјави Акраповиќ по ремито.

Ќе потсетиме, Шкендија не успеа да постигне голови во натпреварите со Мура и Рига, а по тие два двомечи отказ доби тренерот Ернест Ѓока.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…