Миралем Пјаниќ се поврзуваше со трансфер во неколку европски гиганти, се спомнуваа ПСЖ, Манчестер Јунајтед, а на крајот заврши во Барселона.
Пјаниќ заврши во Барселона како дел од голема трампа, така што Артур се пресели во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако се прашуваше Јувентус, денес Пјаниќ ќе играше во Челзи, тврдат италијанските медиуми.
Имено, „старата дама“ била во напредни преговори со Челзи за трампа според која Пјаниќ требаше да се пресели во Лондон, а Јувентус да го добие потписот на Жоржињо.
Пјаниќ имал и богата понуда од Пари Сент Жермен, сепак, негов прв избор бил Барселона.
„Да, вистина е дека Јувентус му предложи размена на Челзи. Пјаниќ требаше да дојде во Лондон, а во спротивен правец да заврши Жоржињо“, потврди извор за „Скај Спорт“.