Дома Фудбал Италија Ако резултатите не се променат Милан ќе тргне по Алегри

Ако резултатите не се променат Милан ќе тргне по Алегри

Милан многу лошо ја отвори сезоната и после првите две кола освои само еден бод, па притисокот врз тренерот Фонсека се зголемува.

„Росонерите“ ова лето донесоа неколку големи засилувања и имаа големи амбиции, а бидејќи сега следи период во кој „росонерите“ ќе играат против Лацио, Интер и Фиорентина, медиумите почнаа дополнително да вршат притисок врз Фонсека.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тутоспорт“ пренесува дека Милан му ја потврдил довербата на тренерот, но доколку работите не се променат тогаш ќе размислува за смена, а прва меча е Масимилиано Алегри.

Алегри е слободен после заминувањето од Јувентус, а во минатото со успех го водеше Милан и освои едно Скудето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…