Дома Фудбал Италија „Ако не играме може да се случи грабеж на Серија А“

„Ако не играме може да се случи грабеж на Серија А“

Претседателот на организационото тело на професионални фудбалери во Италија, Луиџи Де Серво предупреди дека прекинувањето на сезоната би можело да доведе до тешки последици за Серија А.

Дебатата за тоа кога и дали сезоната во Серија А ќе се продолжи поради пандемијата од коронавирусот и понатаму трае. Засега како најреален термин кога сезната може да продолжи се наведува датумот од 27. мај до 3. јуни.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа одредени клубови како што се Бреша и Сампдорија бараат целосен прекин на сезоната.

„Неиграњето би значело дека странските клубови можат да го ограбат нашиот фудбал, да дојдат и да ги украдат нашите шампиони по ниски цени. Исто така и најголемите таленти би емигрирале некаде на друго место“.

Засега Холандија и Белгија се единствените земји кои се одлучија да ја прекинат цела сезона. Во Холандија беа принудени затоа што владата го забрани спортот до 1. септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарка се посрами за сите пари: Од срамот поцрвене, а играчот на Вердер беше изненаден (Видео)

Овој петок започна новата сезона на германската Бундеслига со натпреварот меѓу Бајерн и Ла…