Дома Фудбал Останато Ако Мурињо заврши во клубот со кој сега се поврзува ќе го изненади целиот фудбалски свет!

Ако Мурињо заврши во клубот со кој сега се поврзува ќе го изненади целиот фудбалски свет!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо кон крајот на декември минатата година доби отказ во Манчестер Јунајтед и се уште е без работа.

„Црвените ѓаволи“ одлучија да му се заблагодарат на соработката на португалскиот стратег поради лошите резултати, а Мурињо си замина со богата оштета. Португалецот се уште е без ангажман иако веднаш имаше неколку интересни понуди.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сепак, тој се одлучи малку да одмори од тренерската работа и ќе го почека крајот на сезоната за да ги разгледа понудите од заинтересираните клубови.

После отказот Жозе се поврзуваше со неколку клубови, а најмногу се споменуваа Интер и Бенфика. За португалскиот тим во медиумите се тврдеше и дека испратиле понуда за португалскиот стратег.

Сега во англиските медиуми се појави вест која и тоа како ја изненади фудбалската јавност. Имено, тие пренесуваат дека Мурињо својата кариера би можел да ја продолжи во шкотски Селтик.

Наводно, шкотскиот клуб покажал интерес да го доведе „Специјалниот“, се пишува дека дури и го контактирале неговиот агент. Ова сигурно е огромно изненадување, но во Селтик изгледа веруваат дека можат да го доведат Мурињо.

Во прилог оди и изјавата која неодамна ја даде Мурињо дека сака работи во клуб кој ќе му биде голем предизвик и каде што ќе има целосна слобода. Засега не е јасно колку шкотскиот клуб е финансиски моќен да одговори на барањата на Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бурно е во ФФМ: Си замина еден од најважните луѓе во федерацијата во изминатите години!

На денот на собирот на македонските фудбалери пред натпреварите со Летонија и Ерменија, до…