Маурисио Покетино знае кој фудбалер сака да го донесе во тимот, доколку Килијан Мбапе го напушти ПСЖ на лето.
Станува збор за ѕвездата на Тотенхем и еден од најдобрите напаѓачи во светот – Хари Кејн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена се појави информација дека Тотенхем ја поставил цената за Кејн и дека ќе го пушти ако некој клуб понуди 150 милиони фунти.
Доколку Мбапе замине, парите нема да бидат никаков проблем за „светците“ и веднаш ќе ја платат таа сума.
Хари Кејн е во одлични односи со Покетино и во неколку наврати изјави дека сака да игра во клуб кој ќе се бори за најголемите трофеи.
Во меѓувреме, се погласни се шпекулациите дека Мбапе на лето може да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид.