Џејми Варди, Ријад Марез и останатото друштво оваа сезона се само бледа копија на минатата сезона и доколку продолжат вака следната сезона нема да ги има на премиерлигашката мапа.
Тоа ќе се почувствува и на нивните банкарски сметки бидејќи англиските медиуми јавуваат дека на сите ќе им бидат одземени по 40% од годишните примања доколку испаднат во Чемпионшип.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова сценарио воопшто не е невозможно бидејќи Лестер има четири порази во низа и опасно се доближи до зоната за испаѓање, имаат само еден бод повеќе од Хал, последен клуб под линијата.
Челните луѓе на клубот се во паника, па спремаат драстично намалување на платите на сите фудбалери од „Кинг Пауер“, доколку се случи она што никој во Лестер не го посакува.
„Тајмс“ наведува колкава ќе биде редукцијата на платите, меѓутоа потсетува дека минатото лето потпишаа нови богати договори: Џејми Варди, Ријад Марез, Дриквотер, Каспер Шмајхел, Вес Морган, Дани Симпсон како и тренерот Клаудио Раниери.
Јасно е дека овие фудбалери најмногу ќе ги почувствуваат последиците од евентуалната селидба во понизок ранг.