Дома Фудбал Италија „Ако Влаховиќ играше за Интер ќе постигнеше 25 голови“

„Ако Влаховиќ играше за Интер ќе постигнеше 25 голови“

Јувентус вчера беше поразен во Рим од Лацио со 2:1, а Душан Влаховиќ одигра уште еден натпревар без никаков учинок.

Српскиот центарфор кога е клупскиот фудбал во прашање е во голгетерска криза. Во натпреварот против Лацио двапати влезе во шанса да го загрози голот на Римјаните меѓутоа шутираше над голот.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Во главно беше незабележителенм и безопасен, без употребливи топки од страна на соиграчите.

Славниот Кристијан Виери кој настапуваше за неколку големи клубови во Италија смета дека за Влаховиќ е проблем што Јувентус не создава многу шанси.

„Факт е дека Лукаку не е смирен пред голот. Зборувам како поранешен напаѓач. Важно е да се работи, работи и работи. Тоа е единствениот начин да се поправи ситуацијата. За Лукаку е важно да влегува во шанси, најлошо е кога напаѓачот не влегува во шанси. Пример, ако Влаховиќ играше во Интер сезонава ќе постигнеше 25 голови“, смета Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…