Дома Македонски спорт Мак фудбал Академија Пандев не му дозволи на Васоски да си замине

Академија Пандев не му дозволи на Васоски да си замине

Александар Васоски останува тренер на Академија Пандев затоа што оставката која ја поднесе после вчерашниот пораз од Работнички не е прифатена.

Раководството на клубот и покрај лошите резултати од неговото пристигнување одлучи да го задржи на клупата. Очигледно дека во струмичкиот клуб веруваат во Васоски и сметаат дека во овој момент не можат да најдат подобро решение.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Васоски во клубот се врати по заминувањето на Ѓорѓе Стојчев, меѓутоа на пет првенствени натпревари не успеа да победи. Академија Пандев од почетокот на сезоната освои само осум бода и се наоѓа во долниот дел од табелата.

Од враќањето во Академија Пандев Васоски единствените две победи ги оствари во Купот на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…