Дома Фудбал Англија Адебајор открива зошто го мрази Арсенал и што мисли за Венгер

Адебајор открива зошто го мрази Арсенал и што мисли за Венгер

adebayor

Емануел Адебајор за медиумите зборуваше за заминувањето од Лондон и неговата прослава во дресот на Сити.

Адебајор сега настапува за Башакешир го смета Жозе Мурињо за најискрен тренер во кариерата со кого соработувал во кариерата, а тоа во никој случај не го мисли за Арсен Венгер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот од Того со Мурињо соработуваше шест месеци во 2011 година, додека настапуваше како позајмен фудбалер во редовите на Реал Мадрид од Манчестер Сити. Кога во прашање е Венгер, со Французинот соработуваше три сезони во Арсенал (2006-2009)

„Секогаш ќе имам почит кон Мурињо. Тој е најискрениот тренер со кој сум соработувал и е навистина икслучок во однос на поголемиот дел од тренерите. Додека бев во Арсенал, Венгер во еден момент ме повика во канцеларијата и ми кажа дека не смета на мене, додека утрешниот ден во медиумите зборуваше дека јас сум сакал да го напуштам клубот поради големата победа од Манчестер Сити. Од тој момент Арсенал како клуб не ми е повеќе драг, го мразам“, изјави Адебајор.

Тој во јулу 2009 година премина од Манчестер Сити во Арсенал, а во првиот натпревар против својот поранешен клуб постигна гол и го претрча целиот терен за голот да го прослаби пред гостинските навивачи.

„Ме прашувате што во тие моменти ми поминуваше низ глава. Затвореникот излезе, слободен е, ето што се случи. Нема проблем, можете да ме навредувате, но не можете пеете за тоа како мојот татко чисти слонови. Тоа за мене е неприфатливо, сакав да им покажам дека човекот кого го навредуваат се уште има што да им каже“, изјави Адебајор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флик: Нема да останам во Барселона во наредните десет години

Германецот Ханси Флик работи одлично и бежеле добри резултати со Барселона во актуелната с…