Дома Фудбал Останато Адебајор прво одби да донира, а сега се фали со луксузот во кој живее (ВИДЕО)

Адебајор прво одби да донира, а сега се фали со луксузот во кој живее (ВИДЕО)

Емануел Адебајор живее во луксуз и тоа е во ред, но е на удар на сонародниците во Того од други причини, т.е. затоа што не сакаше да донира пари во борба против Ковид-19.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наместо тоа, поранешниот напаѓач на Арсенал се пофали со неговите девет скапоцени автомобили, кои чинат премногу.

„Ова видео не е порака да ви кажам – погледнете, тој успеа, туку вие можете исто така. Треба да верувате во себе и да продолжите да работите кога никој не ве гледа. Тагнете пријател, кој треба да го види ова“, напиша Адебајор.

Претходно Адебајор ја налути јавноста со изјавата во која потврди дека одбива да донира.

„За сите оние кои ме критикуваа – ниту сум донирал, ниту ќе го направам тоа. Го правам тоа што го сакам, го јадам тоа што го сакам…Луѓе кои зборуваат секогаш ќе има. Веројатно и јас го донесов вирусот во моето место, Ломе (главнито град на Того). Тоа беше несреќен случај, но тоа е што е“, порача неодамна Адебајор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер и Рома прават неочекувана зделка?

Интер и Рома сериозно разгледуваат голема зделка што би можела да го одбележи летниот тран…