Дома Фудбал Англија Агуеро знае кои два тима ќе му бидат конкуренти на Сити наредната сезона

Агуеро знае кои два тима ќе му бидат конкуренти на Сити наредната сезона

Серхио Агуеро во моментите кога Манчестер Сити имаше предност против Арсенал веруваше во пресврт на „граѓаните“ кој на крајот и се случи.

Сити до крајот на сезоната го чекаат уште две финалиња во ФА Купот и Лигата на шампионите, па избраниците на Пеп можат да стигна до историска триплета. Сега, Агуеро објави една своја колумна посветена на неговиот поранешен тим и очекувањата за наредната сезона.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Сити апсолутно заслужено ја освои титулата. Сезоната беше поинаква од претходно поради Светското првенство, но очекував ваков завршен спринт од Манчестер Сити. Тимот на Гвардиола е навикнат да се бори до самиот крај. Со базата на играчи која ја има, Сити останува фаворит и следната сезона, тој е најдобар тим во Премиер лигата и тоа го покажаа со последователните три титули, нешто што тешко е остварилво.

Зошто да не ја освојат и наредната? Сигурно дека можат. Сепак, ќе им биде потешко. Арсенал се стабилизираше и направија добра база со млади играчи и освен тоа ќе се засилат во текот на летото. Покрај Арсенал, тука е и Манчестер Јунајтед кој со Тен Хаг се врати на вистинскиот пат“, смета Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…