Македонскиот селектор Раул Гонзалес во својата најава за овој натпревар посочи дека Шпанците сигурно ќе ризикуваат со Хулен Агинагалде кој одигра само десет минути на претходните два натпревари, но сега информациите кои пристигнуваат од самиот играч не се воопшто оптимистички околу неговата здравствена состојба.

Искусниот пикер потенцира дека не станува збор само за удар, туку за хронична повреда на кичмата која го оневозможува да ги прави посакуваните движења.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Ако беше само обична болка, веќе ќе тренирав со соиграчите и ќе играв. Станува збор за нешто покомплицирано, имам проблеми со ’рбетот кои ми оневозможуваат да ги имам посакуваните движења. Иако состојбата е подобра по третманите кои ги добивам, не знам во каква состојба ќе бидам за да настапам. Ќе видиме пред натпреварот – изјави Агинагалде

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

ЕХФ го смести Вардар во вториот шешир во Лига Европа

Европската федерација, ЕХФ денеска ги објави шеширите пред ждрепката за Лига Европа, а еки…