Дома Трансфер зона Агентот потврди: Бонавентура си оди од Милан!

Агентот потврди: Бонавентура си оди од Милан!

Еден од најдобрите играчи на Милан во последните години, Џакомо Бонавентура нема да стави потпис на нов договор и на лето ќе го напушти „Сан Сиро“.

Договорот на Бонавентура истекува на крајот на сезоната, Милан започна преговори за продолжување на соработката, но неговиот менаџер потврди дека нема да има нов договор.

„Бонавентура нема да потпише нов договор. Освен ако не се случат некои сензационални промени, тој ќе го напушти клубот во јуни“, изјави Енцо Раиола.

Бонавентура е дел од Милан од 2014 година кога пристигна од Аталанта за 7 милиони евра. Во изминатите години кај сите тренери беше клучна фигура во тимот, а и оваа сезона игра важна улога кај Пиоли.

30-годишниот Италијанец минатата сезона ја пропушти поради повреда на коленото, но оваа сезона полека влегува во препознатливата форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ристовски пред заминување од Спортинг: Аморим го исфрлил од првиот тим!

Maкедонскиот заменик капитен Стефан Ристовски е отстранет од првиот тим на Спортинг Лисабо…