Дома Трансфер зона Потврдено: Бонавентура го напушта Милан

Потврдено: Бонавентура го напушта Милан

Еден од најдобрите играчи на Милан во последните години, Џакомо Бонавентура нема да стави потпис на нов договор и на лето ќе го напушти „Сан Сиро“.

Договорот на Бонавентура истекува на крајот на сезоната, Милан започна преговори за продолжување на соработката, но неговиот менаџер потврди дека нема да има нов договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Бонавентура нема да потпише нов договор. Освен ако не се случат некои сензационални промени, тој ќе го напушти клубот ова лето“, изјави Енцо Раиола.

Бонавентура е дел од Милан од 2014 година кога пристигна од Аталанта за 7 милиони евра. Во изминатите години кај сите тренери беше клучна фигура во тимот, а и оваа сезона игра важна улога кај Пиоли.

30-годишниот Италијанец минатата сезона ја пропушти поради повреда на коленото, но оваа сезона полека влегува во препознатливата форма, а најсилен интерес за него покажуваат Торино и Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…