Дома Фудбал Останато Агентот потврди: Болт го доби тоа што го чекаше!

Агентот потврди: Болт го доби тоа што го чекаше!

Најдобриот атлетичар на сите времиња Усаин Болт максимално се посвети на својата фудбалска кариера и изгледа дека тоа ќе му се исплати.

Болт неодамна постигна два гола во дресот на австралискиот прволигаш Централ Кост Маринерс во победата против Макартур Соут Вест од 4:0. Јамајканецот се наоѓаше на проба во овој клуб, но покажа дека на него може сериозно да се смета.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поранешниот спринтер порача дека ќе даде се од себе за да се избори за професионален договор во овој клуб и изгледа дека успеал во намерата. Австралиските медиуми пренесуваат дека клубот одлучил да му даде шанса на Болт, а денес тоа го потврди и неговиот агент Рики Симс.

„Видов дека се и сешто се пошува во медиумите, можам само да ви кажам дека на Болт му е понуден првиот професионален договор во фудбалот. Тоа е се што можам да ви кажам наскоро ќе добиете повеќе информации“, изјави Симс.

Ќе потсетиме, дека неодамна клубот од Малта, Валета му понуди на Болт договор на две години, но Јамајканецот ја одби нивната понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…