Дома Трансфер зона Агентот на Верати: Баерн испрати понуда, нема шанси да се врати во Италија!

Агентот на Верати: Баерн испрати понуда, нема шанси да се врати во Италија!

Иднината на Марко Верати е глана тема во медиумите веќе подолго време бидејќи се верува дека Италијанецот ова лето ќе го напушти Пари Сент Жермен.

За младиот плејмејкер интерес покажуваат неколку европски гиганти како Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Челзи и италијанските Јувентус и Интер.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Сепак, неговиот агент Донато Ди Кампли тврди дека Верати е среќен во ПСЖ каде има договор до 2021 година и тешко дека може да ја промени средината ова лето.

„Марко Верати останува во ПСЖ. Среќен е во Париз, има договор до 2021 година и дефинитивно ќе остане таму. На крајот на сезоната ќе разговарам со директорите на клубот, но само да се информирам за идните проекти и амбиции на ПСЖ“, изјави агентот.

„Баерн е спремен да испрати понуда, но секој кој се интересира за Верати треба прво да разговара со ПСЖ, а не со мене. Што се однесува до италијанските клубови, тие знаат дека во моментов нема шанси Марко да се врати во Италија“, додаде Де Кампли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан лесно се откажа од него, сега го сакаат Ливерпул и Реал

Ливерпул и Реал Мадрид покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентативец Чарлс де …