Дома Фудбал Останато Агентот на Асенсио ги откри плановите на фудбалерот

Агентот на Асенсио ги откри плановите на фудбалерот

Марко Асенсио не планира го напушти Реал Мадрид, иако е импресиониран од интересот на други клубови, истакна неговиот агент Орасио Гаџоли.

Медиумите неодамна пренесоја информација дека 22-годишниот фудбалер во јануари би можел да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Потоа се појави вест дека за него е заинтересиран Интер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Марко е почестен што постои интерес од клуб каков што е Интер. Не знам дали тоа е вистина или не, но во овој момент Асенсио нема во план да го напушти Реал“, изјави Гаџоли.

Шпанските медиуми пишуваат дека Асенсио ќе ги пропушти следните четири недели поради повреда, па нема да го гледаме во јануари. Во актуелната сезона настапи на 25 натпревари, а даде четири гола. Асенсио има откупна клаузула од 115 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона ги предаде сите документи – се чека одлука од општината.

Враќањето на Барселона на „Спотифај Камп Ноу“ стана реалност, откако тимот се соочи со Атл…