Дома Фудбал Лига на шампиони Авионот на Атлетико имал проблеми при денешното слетување во Торино

Авионот на Атлетико имал проблеми при денешното слетување во Торино

Играчите на Атлетико Мадрид денес се соочиле со непријатности во завршницата на летот со кој пристигнале во Торино.

Атлетико Мадрид пристигнал во северот на Италија нешто порано во денешниот ден и се соочиле со проблеми уште при слетувањето на авионот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Марка“ пишува дека авионот во кој биле фудбалерите и стручниот штаб на Атлетико имал големи турбуленции околу половина час пред слетувањето. Како причина за ваквиот проблем биле силните ветрови кои дувале над Торино во тие моменти.

Неколку летови биле пренасочени кон најблиските аеродроми, но авионот на Атлетико на крајот безбедбо слетал на градскиот аеродром во Торино.
Шпанците во Торино утре ќе бранат предност од 2:0 која ја направија во првиот натпревар на „Ванда Метрополитано“.

Останува да видиме дали ваквиот лет ќе остави последици на играчите на Атлетико во утрешниот реванш. Натпреварот се игра во стандардниот термин од 21:00 часот.

Покрај овој натпревар во најелитното европско натпреварување утре вториот натпревар го играат англиски Манчестер Сити и германски Шалке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Влаховиќ го избра следниот клуб

Душан Влаховиќ се најде во фокусот на јавноста откако „Билд“ објави дека Баерн Минхен сери…