Дома Топ вести Абрамович дал „зелено светло“ за трансферот на Халанд

Абрамович дал „зелено светло“ за трансферот на Халанд

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович дал „зелено светло“ за трансферот на Ерлинг Халанд, пренесуваат англиските медиуми.

20-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд игра уште една фантастична сезона и има постигнато 27 гола на 25 меча.

Халанд е на радарот на скоро сите европски гиганти, а најсилен интерес покажуваат Реал Мадрид, Барселона и клубовите од Манчестер.

Во договорот на Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра, но ќе биде активна од јуни 2022 година. Поради тоа се очекува ова лето неговата цена да достигне 100 милиони евра.

Според „Билд“, Абрамович лично го одобрил трансферот на Халанд и е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис со цел да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дебакл: Футсал репрезентацијата поразена со 9:1

Футсал репрезентацијата на Македонија во последното коло во натпреварот против Романија за…