Дома Фудбал Останато Абијати: Милан и Наполи ќе се борат за Скудетото

Абијати: Милан и Наполи ќе се борат за Скудетото

Поранешниот голман на Милан и италијанската репрезентација, Кристиан Абијати смета дека Наполи и Милан имаат потенцијал да го освојат Скудетото.

Оваа сезона како главни фаворити за титилата се Јувентус и Интер, но од почетокот одлично играат Милан и Наполи, кои во недела ќе ги одмерат силите на „Сан Паоло“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Можам да кажам дека Милан и Наполи може да се борат за титулата во Серија А до крајот на сезоната. Ова е добра сезона, со добар квалитет и со четири до пет клубови кои се конкурентни за првото место“, вели Абијати.

„Милан и Наполи се меѓу тие екипи, но, дури и да победи Милан на претстојното дерби заборавете го зборот Скудето засега, многу е рано“, додаде Абијати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Разделбата се поблиску: Влаховоиќ не се појавил на клупската вечера!

Во следните десетина дена, Душан Влаховиќ ќе може слободно да преговара со сите заинтереси…