Дома Фудбал Италија Јувентус спремен да го продаде Квадрадо – ова е цената!

Јувентус спремен да го продаде Квадрадо – ова е цената!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да го продаде колумбискиот репрезентативец Хуан Квадрадо во летниот преоден рок.

Квадрадо беше на позајмица во Торино од Челзи минатата сезона, но „бјанконерите“ ја искористија опцијата и го откупија неговиот договор за 20 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, тоа не значи дека Колумбиецот ќе остане во Торино. Имено, „старата дама“ е спремна да го слушне понудите за него, бидејќи има други планови за крилните позиции.

Јувентус покрај Даглас Коста, кој е пред трансфер во италијанскиот шампион, сака да го купи и Федерио Бернардески од Фиорентина за кого понуди 40 милиони евра.

Со доаѓањето на овие двајца фудбалери ќе се намали просторот за Квадрадо, па поради тоа Јувентус е спремен да го продаде, но само доколку некој клуб понуди 30 милиони евра.

Интерес за Колумбиецот во моментот покажуваат Арсенал, ПСЖ и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…