Дома Топ вести Јувентус започна преговори за Пасторе

Јувентус започна преговори за Пасторе

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус веќе започнало да работи на трансферот на ѕвездата на ПСЖ, Хавиер Пасторе.

Пасторе оваа сезона не добива голема минутажа кај тренерот Унаи Емери, па не е задоволен од својот статус, а таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Старата дама“ е во потрага по квалитетен играч за врска, а тренерот Алегри исклучително го цени Пасторе уште од времето кога овој играше во Палермо.

Медиумите тврдат дека „бјанконерите“ веќе оствариле првичен контакт со агентот на играчот и Пасторе е отворен за враќање во Италија, па наскоро ќе започнат преговори со ПСЖ.

Аргентинецот има договор со „светците“ до 2019 година, па за „старата дама“ ќе биде тешко да го убеди францускиот клуб кој не сака да го продаде фудбалерот, особено не во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…