Дома Видео Јувентус во шок – Манџукиќ не игра во финале?

Јувентус во шок – Манџукиќ не игра во финале?

Марио Манџукиќ, заедно со Дани Алвеш веше херој на Јувентус во победата над Монако (2:1), но на крајот може да прерасне во трагичар.

Причина за тоа е удирањето на противникот со лакт, а медиумите веќе пронајдоа снимка на која се гледа како Манџукиќ намерно го удира фудбалерот на Монако, Фабињо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манџукиќ за оваа грубост помина неказнето. Судијата Кујперс не му даде ни жолт картон, иако немаше да погреши и ако му дадеше директен црвен картон.

Меѓутоа, сега поради тоа му се заканува казна после прегледувањето на снимките. Дефанзивецот на Монако, Глик исто така ќе биде нахнадно казнет поради намерното газење на Игуаин, но од Јувентус стравуваат дека после прегледувањето УЕФА ќе го санкционира и Манџукиќ.

Доколку Хрватот биде казнет и го пропушти финалето во Кардиф, тоа сигурно ќе биде голем удар за Јувентус, бидејќи Манџукиќ е еден од клучните фудбалери во формацијата на Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…